Надал се надева дека наскоро ќе се врати на теренот
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека се надева дека ќе се врати на теренот, пренесува „Мундо Депортиво“.
Тој призна дека искрено верува дека повторно ќе игра, но не може да даде точен датум за враќање.
– Пред неколку недели немав таква доверба. Се надевам дека наскоро ќе можам да кажам нешто поконкретно, рече Надал.
Тенисерот тренира повеќе од претходно и нема да се откаже од враќањето.
Триесет и седумгодишниот Шпанец не учествувал на турнири откако се повреди на Австралија Опен во 2023 година. На почетокот на јуни тој беше опериран на мускул на левата нога. На 11 октомври, директорот на Австралија опен, Крег Тајли, потврди дека Надал ќе игра на турнирот во 2024 година.
Во досегашната кариера Надал има освоено 22 Грен слем титули и 92 АТП титули во сингл.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек