-->
-->
Надал ги негира обвинувањата за допинг
-->

Откако руските хакери објавија документи кои покажуваат дека Рафаел Надал добил дозвола од Меѓународната анти допинг агенција (WADA) да користи забранети лекови, како дел од терапијата за лечење на коленото, се огласи и шпанскиот тенисер кој изјави дека не направил ништо што е недозволено.
„Кога бараш и добиваш дозвола за лек кој е дел од терапијата тогаш не си направил ништо што не е дозволено. Тоа не е никаква новост, ова е чиста демагогија. Никогаш не сум користел ништо што би ги подобрило моите перформанси. Лековите ги користев бидејќи докторот мислеше дека тие се најдобри за моето колено“, рекол Надал.
Со години се шпекулира околу можната употреба на недозволени супстанци од страна на Надал, а Шпанецот поради ваквите наводи изнесени во јавноста ја тужеше поранешната француска министерка за спорт.
„Спортот мора да биде чист и тоа мора на сите да им биде јасно. Не смееме да ги изневериме луѓето. Би било добро за спортистите, медиумите и навивачите резултатите од допинг тестовите да бидат јавно објавувани. Сметам дека на овој начин би бил решен проблемот. Спортот мора да стане транспарентен, ова со години го кажувам“, заклучил Надал.
Руската хакерска група „Fancy Bear“, на својата страница објавува документи на спортисти кои добиле дозвола од WADA да користат забранети лекови како дел од терапиите.
Меѓу оние чии документи се објавени се сестрите Вилијамс, гимнастичарката Симон Бајлс, тенисерката Петра Квитова, атлетичарот Мо Фарах, велосипедистите Крис Фрум и Бредли Вигинс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
