Над илјада земјоделци од Тиквешко аплицирале за субвенции при осигурување
Над илјада земјоделци од Тиквешко аплицирале за субвенции при осигурување на своите земјоделски култури, информираа денеска за МИА Зоран Шалев и Златко Пенков, раководители на подрачните единици на Министерствоото за земјоделство, шумарство и водостопанство од Кавадарци и Неготино.
- Над 700 апликанти од Кавадарци и Росоман поднесоа документи кај нас за да ја искористат можноста што им ја нуди државата, да добијат 60-процентна поддршка кога се во прашање финансиските средства кои треба да ги издвојат за осигурување на своите земјоделски култури, соопшти Шалев.
Кавадарци, како што додаде, се наоѓа на врвот на листата на општини, кога е во прашање бројот на земјоделци заинтересирани за овој вид на субвенции.
Според Пенков, над 400 земјоделци од Неготино и Демир Капија, решиле да ги осигураат своите земјоделски култури и на тој начин да ги заштитат, притоа користејќи ги субвенциите кои ги нуди државата.
Ново на Сител
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина