Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје

Над четири и пол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција.
Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две и пол илјади работници.
- Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, почнавме да го чистиме и речното корито на Вардар, кој тече нормално после долги години. И Плоштадот е исчистен, кејот се третираше целосно, како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симболика за срам на сите нас. Нема да дозволам да се повтори грдата слика што ја гледавме во Скопје, изјави Ѓорѓиевски.
Тој соопшти дека се изречени над 40 казни и 70 опомени и на физички и на правни лица.
Најави казни за сите оние што во следниот период несоодветно ќе го одлагаат отпадот.
МИА
Ново на Сител
-

Aлкараз повторно e прв светски рекет
-

Анкета: Младите во Северна Македонија поделени околу европската перспектива на земјата
-

Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен
-

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра
-

Отворени денови на Институтот за македонски јазик
-

Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници
-

Повторно забележани дронови над Белгија
-

УНХЦР: Климатските промени предизвикаа раселување на милиони луѓе
