Над 90 позитивни случаи денеска во Скопје
Според информации на Сител од скопскиот Центар за јавно здравје до овој момент во главниот град се потврдени 97 новозаразени со Ковид-19 во изминативе 24 часа. Се уште се обработуваат податоци од сите лаборатории коишто се вклучени во анализирање на тестовите за Ковид-19. Од скопскиот Центар за јавно здравје велат дека новозаразени има во скоро сите скопски општини како Сарај, Бутел, Чаир, Кисела Вода, Центар, Карпош, Сопиште.
Не се сите од оние познати кластери како што велат здравствените институции туку дека имаме и нови случаи на заразени во главниот град. Освен Скопје, што има најмногу заболени изминатиов период, бројката расте и во тетовскиот регион, но и во Ресен каде што има околу триесетина заболени со коронавирус.
Денеска на Комисијата за заразни болести дискутирала околу евидентирањето на починатите од Ковид-19. Со бројките на починати Македонија е на врвот во југоисточна Европа, меѓутоа ставот на стручната јавност бил дека не треба сите случаи коишто ќе починат во болниците да се водат како починати од коронавирус бидејќи тестот им бил позитивен односно да се заведат дека починале од примарната болест како на пример малигни заболувања, срцев удар, мозочен удар и да се наведе дека тестот им бил позитивен на Ковид-19.
Такви лица според информациите кои ги имаме се околу четириесетина лица коишто сега се во онаа статистика на починати од Ковид-19. Исто така на Комисијата за заразни болести дискутирале и околу отварањето на границите и одлучиле дека тие треба да бидат отворени во текот на наредната недела, меѓутоа овие денови ќе прецизираат кога точно ќе бидат отворени сите гранични премини во нашава држава.
До крајот на неделава според информациите од здравствените власти треба да се знае и како ќе се објавуваат сите оние лица кои што добиваат решение за изолација да бидат објавени јавно бидејќи во овој период епидемиолозите како и инспекторите од Државниот санитарен инспекторат се соочуваат со големи проблеми на терен бидејќи лицата не даваат точни податоци за место на живеење, не дават точни телефонски броеви, а имало и такви кои не ги примале решенијата бидејќи не биле двојазични. Вчера министерот за здравство Венко Филипче најави дека бараат правно решение како сите тие лица да бидат објавувани јавно.
Градската општа болница „8 Септември“ има повеќе од 110 хоспитализирани пациенти од коишто најголем број од нив се во тешка клиничка состојба односно десетина се на респиратор, додека пак шеесет лица се на кислородна поддршка. Во оваа установа има дваесет здравствени работници коишто се позитивни на Ковид-19, околу десетина кои што се во изолација.
Медицински сестри и лекари и од други установи им помагаат на персоналот во градската болница. И покрај овие информации министерот за здравство вчера информираше дека дека има доволно капацитети, има доволно кадар во овој момент за да се справи со оваа ситуација.
Ново на Сител
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан