Над 75 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво на Хаити

Повеќе од 75 лица загинаа при експлозија на цистерна со гориво на Хаити, изјави претставникот на Министерството за здравство на таа земја, Лоре Адриен.
Претходно премиерот на Хаити, Ариел Анри прогласи тридневна жалост „во спомен на жртвите од трагедијата што ја потресе целата нација“.
– Бев очаен кога ја слушнав тажната вест за експлозијата. Многу луѓе загинаа, а причинета е и голема материјална штета, изјави Анри.
Според првичните информации, цистерната се обидувала да избегне мотоцикл што доаѓал од спротивната страна, по што се превртела.
Здравствените власти апелираат до доброволните крводарители, изјави за Си-Ен-Ен портпарол на Цивилната заштита на Хаити.
Карипската земја страда од голем недостиг на гориво, бидејќи синџирот на снабдување е делумно во рацете на банди. Хаити е во тешка криза по атентатот врз претседателот Жовенел Моиз, извршен на 7 јули годинава, и по земјотресот со интензитет од 7,2 степена по Рихтер неколку недели подоцна, во кој загинаа повеќе од 2.200 луѓе, а беа уништени десетици илјади домови.
Во земјата со 11 милиони жители, во последно време зачестија и киднапирањата од банди.
Ново на Сител
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
-

Јаневска: Усвоивме дел од забелешките за Законот за високо образоваине
-

Македонија се приклучи на спортските игри за млади
-

Сиљановска го пречека Бегај
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
