ОН: Над 700 мигранти веројатно се удавиле во Средоземно Море во последните неколку дена
Во последните неколку дена во водите на Средоземно Море, јужно од Италија, најверојатно се удавиле над 700 мигранти, при очајните обиди да стигнат до Европа, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (ВКБООН), пренесуваат американските медиуми.
Портпаролката на ВКБООН, Карлота Сами, прецизира дека околу 100 лица се прогласени за исчезнати откако во средата се превртело бродче со мигранти.
Други 550 се исчезнати во четвртокот утрината при потонување на шверцерско бродче, што на пат преку Средоземјето тргнало претходниот ден од либиското пристаниште Сабрата. Според кажувањата на бегалци, бродчето со 670 патници, немало мотор и било влечено од друг швецерски пловен објект.
Бродската несреќа ја преживеале 25 лица, 79 биле спасени од меѓународни патролни чамци, а од водата биле извадени 15 мртви тела.
Во третата бродска несреќа, во петокот, 135 мигранти биле спасени, 45 тела били извадени од водата и непознат број луѓе се прогласено за исчезнати. Преживеаните биле префрлени во италијанските пристаништа Таранто и Подзало.
Ново на Сител
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот