Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
Повеќе од 6.600 луѓе утрово тргнаа од босанското населено место Незук кон Поточари во рамки на 21. издание на Маршот на мирот, што се одржува во знак на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.
Учесниците ќе минат околу 100 километри за два и пол дена, следејќи ја рутата што илјадници Бошњаци ја поминале во јули 1995 година бегајќи од смрт. Над 60 отсто од учесниците оваа година се млади, пренесува порталот Кликс.
Годинава се одбележуваат 30 години од најмасовното злосторство по Втората светска војна во Европа, кога беа погубени повеќе од 8.000 мажи и момчиња. Трасата на маршот вклучува 22 точки, од Незук преку планинските предели до Меморијалниот центар во Поточари.
Во Липље и Мравинци се организирани кампови за ноќевање, проекции на документарни филмови и театарски претстави. Учесниците истакнуваат дека физичкиот напор на маршот е најмалку што можат да го направат за да им оддадат почит на невините жртви.
Во четврток, маршот ќе заврши во Поточари, а следниот ден ќе се одржи колективна џеназа (муслимански верски обред каде се врши погреб едно или повеќе луѓе) за седум новоидентификувани жртви, меѓу кои и двајца 19-годишници – Сенад Авдиќ и Хариз Мујиќ.
Ново на Сител
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол