Над 6 илјади македонски граѓани вчера отишле во Србија
Во Србија, на белградскиот саем и во Ниш продолжува вакцинацијата на странските државјани, а и денеска голем број македонски граѓани заминаа во Белград за да ја примат британската вакцина на Оксфорд, „АстраЗенека“ против Ковид-19.
Само во текот на вчерашниот ден, до полноќ, на граничниот премин Табановце излез од државата оствариле 6106, додека влез оствариле 6183 македонски државјани, информираа од МВР.
Како што изјавуваат македонски граѓани кои денеска се вакцинирале во Белград, гужвите и редиците за чекање се видно намалени, со оглед на тоа што српските власти апелираа на вакцинација да дојдат само оние лица кои претходно имале закажан термин. Вчера на сите кои изразија интерес за вакцинација, им беше овозможено да примат вакцина во Србија, вклучително и граѓани од Босна и Херцеговина, Црна Гора, па дури и Италија и Германија.
Денеска, на луѓето кои немале закажано термин, не им е дозволено да се вакцинираат.
За вакцинација во Србија можат да се пријават странските државјани, кои во апликацијата ќе внесат српски телефонски број. Апликацијата дава можност за избор на вакцина, но може да се случи да се добие термин за вакцина од друг производител, како што е случај викендов, кога илјадници македонски граѓани добија термин за вакцинација со „АстраЗенека“ во Белград.
Лицата кои се вакцинираат прво одговараат на неколку прашања, односно дали прележале Ковид-19, дали се алергични на нешто и дали имаат некое хронично заболување. Процесот трае неколку минути, а на крајот се добива потврда за вакцинација, со закажан датум за примање на втората вакцина. Во случајот со „АстраЗенека“, ревакцинацијата е после 3 месеци.
Вакцинацијата во Србија е бесплатна, а на граѓаните им се бара да приложат пасош како документ за лична идентификација.
Во среда и во земјава почнува процесот на вакцинација, со првите 24 илјади дози на „АстраЗенека“ кои пристигнаа денеска. Први ќе се вакцинираат лицата над 75 години.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
