Над 500 компании и 4000 ученици вклучени во дуалното образование оваа година
Над 500 компании во оваа учебна година организираа практична настава за речиси 4000 ученици од дуалните паралелки во 62 средни стручни училишта, информира министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на швајцарската компанија „Ронтис“ во Велес.
Според Јаневска, ова се добри бројки до кои е дојдено со многу труд на Министерството за образование и наука и поддршката од Швајцарската амбасада, Делегацијата на ЕУ, бизнис заедницата и училиштата.
Додаде дека концептот на дуално образование го создава потребниот, добро подготвен кадар за потребите на стопанството и со тоа го намалува јазот меѓу понудата и побарувачката на пазарот на човечки капитал.
МОН ги стипендира учениците во средното стручно образование, а со новото законско решение се предвидува да добиваат и надоместок во фирмите во договор со бизнис секторот.
- Така што мислам постепено не само што го унапредуваме овој тип на образование, туку ќе продолжиме и со сите погодности и за учениците и за компаниите за да може тие да имаат пристојна работа и нормален живот откако ќе го завршат образованието во својата држава, рече Јаневска.
Министерството, како што посочи, веќе има испратено допис до општините и средните стручни училишта кои во координација со компаниите треба да достават информации за реалните потреби од одреден кадар со цел соодветно да се планираат квотите за упис во средно образование.
Според амбасадорката на Швајцарија, многу е важно приватниот сектор да се вклучи во дуалниот систем за образование.
- Тие ќе обезбедат сите млади кои ќе ги посетуваат овие училишта да можат дирекно кај нив да се вработат и да бидат корисни за самите компании. Преку овој проект ние ги пренесуваме позитивни искуства од Швајцарија во вашата земја, рече амбасадорката Улман.
Во фирмата „Ронтис“ моментално на практична настава се седум ученика од втора, трета и четвртта година од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес.
Учениците се задоволни од работата на „Ронтис“ и по завршување на образованието планираат да се вработат и да останат во државава.
Ново на Сител
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов
-
Кривична пријава против ракометар на Загреб за физички напад врз соиграч
-
Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
-
Експлозија во трговски центар во Русија | ВИДЕО
-
Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Папата Франциск ја предводеше мисата на Бадник во Ватикан пред илјадници верници
-
Израелската истрага заклучи дека присуството на израелски војници најверојатно довело до убиство на шест заложници во Газа