Над 4.000 лица во Косово во самоизолација поради контакти со болни од Ковид-19
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека во континуитет ги контактира и ги надгледува лицата кои биле во контакт со заразени од новиот коронавирус, на кои им е наложена самоизолација и се обврзуваат да побараат лекарска помош доколку им се појават симптоми.
Според денешното соопштение на ИШПК, заклучно со вчерашниот ден се контактiрани и се ставени под надзор вкупно 4.237 случаи на контакти со болни од Ковид-19.
Од 8 февруари до 11 април годинава во Лабораторијата за молекуларна микробиологија на Институтот се тестирани вкупно 3.006 примероци на лица за кои постоело сомнeавaње дека се заразени од новиот вирус. Со позитивни наоди резултирале 283 лица, а регистрирани се и седум смртни случаи како жртви на епидемијата. Како излекувани во истиот период се евидентирани 58 лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови