Над 3.000 учесници на ревијалната трка Виз Ер Скопје 5 км
Повеќе од 3.000 учесници се појавија на стартната позиција на ревијалната улична трка „Виз Ер Скопје 5 км“ која започна утрово во 9 часот.
Трката стартува од улицата „Димитрија Чуповски“ кај Рекорд, по што учесниците продолжија низ булеварите „Климент Охридски“ и „Илинденска“, а преку улицата „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се упатија назад кон финишот.
- Изненадени сме од големиот број на учесници кои несебично ја дадоа својата поддршка денес со тоа што ја истрчаа оваа трка од ревијален карактер. Сакам да им се заблагодарам на сите љубители на спортот и трчањето, на сите аматери и професионалци кои утрово заедно создадоа неверојатна позитивна атмосфера токму во центарот на Скопје, изјави Кире Синадиновски, директор на Скопскиот Маратон.
Трката Виз Ер Скопје 5км е дел од Европската недела на спортот која е поддржана и организирана од Европската комисија. Македонија преку оваа трка стана дел од спортските активности кои се случуваат во Европа во периодот од 7-ми до 30 септември годинава. Трката е и дел од календарот на спортски настани http://ec.europa.eu/sport/week/ и е една од 116. улични трки кои се одржуваат во 34 европски земји.
Ново на Сител
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско