Над 300 загинати во Сирија и во Турција во земјотресот со епицентар во близина на Газиантеп | ВИДЕО
Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и Турција во силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава. Сириското Министерство за здравство ја потврди смртта на најмалку 237 лица во областите под контрола на претседателот Башар ал Асад. Бројот на повредени достигна 639. Се очекува бројот на загинати да продолжи да се зголемува.
Има најмалку 20 загинати во северозападната сириска провинција Идлиб, контролирана од бунтовниците.Многу од зградите во областите кои беа погодени од земјотресот претрпеа оштетувања за време на конфликтот што избувна пред речиси 12 години во Сирија.
Возовите во северниот дел на земјата се превентивно запрени. Во Турција според последните податоци на властите загинале најмалку 76 лица, а повредени се 440 лица.
Силниот земјотрес, кој според американскиот геолошки институт бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, се случил денеска во 04:17 часот по локално времево близина на јужниот турски град Газиантеп, во близина на границата со Сирија, на длабочина од околу 18 километри, јави ДПА. Десетина минути подоцна следеше силен последователен потрес со јачина од 6,7 степени на длабочина од 9 километри. Регистрирани се најмалку 20 последователни земјотреси.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
