Бизнис
7. January 2016 - 12:31

Над 180.000 Хрвати работно неактивни

Државниот завод за статистика на Хрватска објави дека над 180.000 граѓани на Хрватска стари меѓу 15 и 65 години, се работно неактивни.

Тие не се вработени, не работат ниту хонорарно, ниту на кој било друг начин заработуваат, не бараат работа, не се школуваат, а не се ниту во пензија, покажува анкетата за работната сила во Хрватска и Европа, која ја спроведе Државниот завод за статистика.

Неактивни се оние кои имаат можност за работно делување, но од некоја причина не се заинтересирани за работа или не можат да ја пронајдат.

- Ако размислуваме за тоа дали постои една, две или три причини, веројатно ќе згрешиме. Тука говориме за цел спектар различни индивудуални причини поради што некој може да биде работно неактивен, појасни Марко Олтеан од порталот „Моја работа“.

- Оние кои сакаат да најдат работа, а не можат да ја најдат - тука треба да се пронајде начин како тие луѓе да се поттикнат да ја пронајдат, додаде тој.