-->
-->
Над 110 луѓе загинаа во поплавите во Перу
-->

Најмалку 113 луѓе загинаа во катастрофалните поплави, со кои Перу се справува од почетокот на годината, соопштија денеска перуанските власти.
Минатиот викенд загинаа пет лица.
Според научниците, климатскиот феномен Ел Њино е „виновник“ за природните непогоди во Перу, поради што над 178.000 луѓе останаа без домови. Уште еден милион куќи се оштетени, а уништени се повеќе од 2.500 километри патишта.
Според официјалната проценка, потребни се околу девет милијарди долари за обнова на погодените области.
Ел Њино е климатски феномен кој се јавува кога температурата на водата во Тихи Океан ќе се зголеми абнормално.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
