Над 10.000 странски лекари работат во Белгија, покажуваат податоците на ОЕЦД

Податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека медицинската професија во Белгија станала многу поинтернационална, пренесува белгиска новинска агенција. Бројот на странски лекари кои работат во Белгија е двојно зголемен за 11 години и сега надминува 10 илјади.
На секои 100 лекари во Белгија, 14 се обучуваат во странство, пишуваат денеска весниците „Латсте Њуз“ и „Moрген“. Пред 20 години само четири отсто од лекарите беа од странство.
Најмногу лекари доаѓаат од соседна Франција (1.620) и Холандија (1.590), како и од Романија (1.558 лекари). Други популарни земји се Полска, Португалија, Бугарија и Италија.
„Ова е тренд кој врши притисок врз квалитетот на белгиското здравство“, вели професорот по семејна медицина Дирк Девруј од Слободниот универзитет во Брисел.
„Ние не знаеме речиси ништо за квалитетот на сите овие дипломирани лекари, а многу од нив едвај зборуваат француски, а да не зборуваме за холандски“, изјави тој за „Морген“.
Ново на Сител
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
