Над 10.000 лица протестираа во Белград
Во синоќешниот протест во Белград под мотото „На патеката на фантомите“, организиран од иницијативата „Не го даваме/давиме Белград“ учествуваа над десет илјади граѓани, пишува белградскиот весник „Данас“.
На „протестот против диктатурата“ граѓаните бараа одговорност за уништувањата во реонот Савамала и бараа смена на актуелната спрска власт.
Синоќа беше одбележана годишнината од незаконските рушења на објекти во рамките на проектот „Белград на вода“, каде незадоволните студенти, работници и други граѓани по 23. пат извикуваа „Вучиќ е крадец“.
Кон „протестот против диктатурата“ на српските студенти, синоќа се приклучија и Воениот синдикат на Србија, Полицискиот синдикат на Србија, Независниот синдикат на вработени во образованието на Војводина и Независното здружение на невработени во Србија.
Заменик-раководителот на парламентарната група на Српската прогресивна партија Владимир Орлиќ изјави дека е целосно јасно оти во позадина на таканаречените „спонтани протести“ стојат политички структури и пред се кандидатот за неодамешните претседателски избори во Србија Саша Јанковиќ (поранешниот омбудсман на Србија), но и други кандидати.
Претседателот на парламентарната група на Социјалистичката партија на Србија Ѓорѓе Миличевиќ наведе дека веќе е целосно јасно кој стои зад протестите и кој се обидува на тој начин да предизивка политичка криза и нестабилност во Србија.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест