-->
-->
Над 100 милиони луѓе во САД примиле барем една доза вакцина против коронавирус
-->
САД денеска постигнаа важна пресвртница во нивниот обид за вакцинација на населението против коронавирус, бидејќи бројот на лица кои примија барем една доза надмина 100 милиони.
Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) наведуваат дека бројот на лица кои примиле доза сега изнесува 101,8 милиони, или околу третина од населението во САД кое брои 330 милиони луѓе.
Околу 58 милиони луѓе се целосно вакцинирани.
Досега се дадени вкупно речиси 158 милиони дози.
Во особено ранливата возрасна група над 65 години, три четвртини од лицата веќе примиле вакцина, а околу 54 проценти се целосно вакцинирани, покажуваат податоците на ЦДЦ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години