Над 10 милиони денари за неколку проекти во општина Василево
Општина Василево ја почна изградбата на нова спортска сала во населеното место Нова маала. Градоначалникот Ванчо Стојанов информира дека за оваа намена ќе го преадаптираат објектот на стариот дом на култура.
- Како што и најавивме почнуваме со реализација на проектите планирани за 2017 година. Од Буџетот на општината одвоивме 4 милиони денари за преадапртација на културниот дом во Нова маала, објект кој во иднина ќе им служи на учениците од ова место да ги одржуваат часовите по физичко воспитување, но и на рекреативците кои сакаат да спортуваат, рече Стојанов.
Тој истакна дека оваа инвестиција е дел од неколкуте проекти кои вкупно чинат 10,5 милиони денари.
- Локалната администрација распиша јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изградба на две улици, во Висока Маала и во Анѓелци. Со самата набавка имаме распишано и тендер за изведувач за порамнување на школскиот двор во Висока Маала, по што ќе започнат активностите на Агенцијата за млади и спорт за изградба на кошаркарско игралиште, рече Стојанов.
Градоначлникот Стојанов најави и асфалтирање на улица во Нова маала во првата половина на 2017 година, а Василево дополнително издвои 10 милиони денари за патот Чанаклија-Нова маала, со изградба на крак улица во Чанаклија која со последната трета фаза ќе ги поврзе овие две населени места. Во втората половина на март ќе се гради и повеќенаменско игралиште во Добрашинци кое чини 3 милиони денари.
Ново на Сител
-
Дополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар
-
Запленети околу четири тони марихуана во валандовското село Јосифово, 16 лица повикани на службен разговор
-
АХВ: Од „тобако“ во Скопје уништени околу два тони небезбедна храна
-
Молдавија воведува 60-дневна вонредна состојба поради енергетската криза
-
Николоски: Уште шест нови авиолинии до крајот на годината
-
Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД
-
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на Тетово
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари