Националните галерии на Македонија и Албанија потпишаа меморандум за соработка
Директорката на Национална галерија на Македонија Дита Старова Ќерими и директорот на Национална галерија на Албанија Артан Шабани потпишаа меморандум за соработка на двете установи.
На потпишувањето вчера во Албанија присуствуваа и државниот секретар на Министерството за култура на Македонија Бехиџудин Шехаби и заменик министерот за култура на Албанија Зеф Чуни.
Како што соопшти денеска Национална галерија на Македонија, соработката има за цел ставање во функција на просторните и интелектуалните ресурси на двете институции за реализација на проекти, истражувања, уметнички престои, семинари, предавања и слично.
Директорката Дита Старова Ќерими и државниот секретар Бехиџудин Шехаби при посетата имале средба и со министерот за култура на Албанија Мирела Кумбаро Фурџи, на која е разговарано за билатералната соработка помеѓу двете земји, со особен акцент на културата и соработката помеѓу двете институции која ќе отпочне со воспоставување на реципрочна културна соработка, базирана врз размена на идеи, искуства, знаења и програми.
На средбата е договорена и размена на изложби, искуства во менаџмент со културни институции, соработка во сферата на уметничката и кураторска едукација, престои на уметници и на куратори, усовршувања или истражувачки проекти, консултации во сферата на уметноста, едукацијата и соработка на други полиња на интерес.
Ново на Сител
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни
-
Дизелот поскапува за половина денар
-
Чаир ќе биде симбол на кyлтурната ренесанса на Скопје, вели Османи
-
Авионот со Фон дер Лајен кој летал за Бугарија останал без ГПС, осомничени се Русите
-
26-годишна девојка нападната и ограбена од својот поранешен партнер во Карпош