Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
Откупната цена на пченицата од 12 денари за килограм и покривање на сите трошоци за производителите е неприфатлива за Националната мрежа на земјоделци. Ѓорѓи Каракшев од Националната мрежа на земјоделци вели дека откупната цена е далеку пониска од производната цена, којашто е изготвена уште во 2023 која се движи околу 19 денари за килограм пченица. Тој бара државата да интервенира во исплатата на разликата помеѓу производната и откупната цена. Инаку, во полн ек е жетвата на лебното зрно, односно на пченицата во Овче Поле и штипскиот регион се очекува овогодинешната реколта на пченица да даде добар род и квалитетно зрно. Каракашев додава дека според првичните анализи во просек треба да се жнее околу 3.000 килограми на хектар.
-Очекуваме да имаме околу 160.000 до 180.000 тони производство на пченица, а нашите потреби се многу поголеми, односно ќе немаме ни пола од она што ни е потребно и ќе мора да увезуваме, рече Каракашев, од Националната мрежа на земјоделци.
Тој посочи дека при крај е жетвата и на јачмен, а земјоделците добиваат од 300 до 350 килограми по декар. Јачменот се откупува по 9,5 денари за килограм.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вчера инфрмираше дека е постигната откупна цена за пченицата. Килограм ќе се откупува по нето цена од 12 денари.
-Сите оние кои во наредниот период ќе имат предавање на пченица од реколта 2024/2025 согласно кажаното принос и квалитет оваа година мелничарите ќе ја откупуваат пченицата од прва и втора категорија,во прва категорија, бидејќи како што потенцирав квалитетот е одличен. Откупната нето цена за пченицата ќе биде 12 денари, плус дополнителните трошоци кои следуваат, изјави Трипуновски.
Тој посочи дека тенденцијата на Министерството е да се стигне до нивото на производство кое ќе ги задоволи домашните потреби.
Во реколта 2024/2025 под житни култури се засеани 152.080 хектари, од кои 70.000 се со пченица.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор