Началникот на ГШ на Армијата Ѓурчиновски на средби во Пентагон
Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во работна посета на Соединетите Американски Држави, во текот на вчерашниот ден имаше средби во Здружениот штаб на Вооружените сили на САД, во Пентагон.
Во Пентагон, соопшти денеска Канцеларијата за односи со јавност во ГШ, генералот Ѓурчиновски се сртенал со директорот на Националната гарда на Армијата на САД, генерал потполковник Тимоти Кадеви, со началникот на штаб на Армијата на САД генерал Марк Мејли и со началникот на штаб на Директоратот за стратегија, политика и планирање на Здружениот штаб, Адмирал Редм О’Конор.
На средбата на генералите Ѓурчиновски и Кадеви се разговарало за заедничките активности во 25 годишната воена соработка што ја имаме со Националната Гарда на Вермонт, која согласно постигнатите резултати се наоѓа меѓу самиот врв на партнерската програма за соработка на САД. Од страна на генералот Ѓурчиновски била искажана благодарност за досегашната поддршка и помош во нашите досегашни интегративни процеси.
На средбата со генерал Марк Мејли, кој е номиниран за следен началник на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, било истакнато значењето од заедничките вежбовни активности и обука во достигнатото ниво на интероперабилност со НАТО постапките.
Како потврда на взаемната воена соработка е нагласено претстојното изведување на големата заедничка воена вежба „Одлучен удар“, на која ќе бидат презентирани нашите достигнати стандарди во изедувањето на активностите како рамноправен НАТО партнер.
Пред Адмиралот О’Конор, како најодговорен за планирањето на Здружениот штаб, стои во соопштението, е презентиран процесот на трансформација и плановите за модернизација на нашата Армија до 2028 година, како и планираните активности кои ни претстојат како полноправна членка на НАТО Алијансата.
Како што е најавено, во следните денови генералот Ѓурчиновски ќе оствари средба со директорот на Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка, генерал потполковник Чарлс Хупер, а ќе го посети и Вермонт, каде што ќе има средба со новоназначениот командант на Националната гарда на Вермонт, полковник Грегори Најт. В петок делегацијата ќе присуствува на воената свеченост по повод примопредавањето на должност командант на Националната гарда на Вермон.
Ново на Сител
-
Уапсен кавадарчанец кој возел со 3,05 промили алкохол во крвта
-
Спајиќ: Блиску сме до решение за воведување седумчасовен работен ден во Црна Гора
-
Анализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа
-
Мицкоски: Влашката зедница има значајна улога во градењето на Македонија
-
Даниловски: Мајмунските сипаници не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија
-
Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји
-
Му кажала дека мајка ѝ ѝ забранила да се гледа со него па објавил нејзини експлицитни фотографии
-
Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев