Началникот на ГШ на АРМ во посета на војниците ангажирани во Порој
Началникот на Генералштабот (ГШ) на Армијата на Република Македонија (АРМ) генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски денеска ги посетија припадниците на инжинерискиот баталјон на АРМ, ангажирани на реконструкција и изградба на мостовите во село Порој, Тетовско.
Во присуство на градоначалничката на Тетово Теута Арифи и заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами, генералот Величковски истакна дека со изградбата на мостовите во Порој, припадниците на АРМ даваат конкретна помош на месното население, погодено од невремето.
Началникот на ГШ на АРМ ја нагласи подготвеноста на АРМ за помош на цивилното население, во услови на елементарни непогоди, укажувајќи на фактот дека ова е најдобриот начин Армијата да биде поблиску до граѓаните, но и прилика за јакнење на соработката со цивилните структури во Република Македонија.
Искажувајќи благодарност до АРМ, Теута Арифи ја потенцираше одличната соработка со Армијата, при што уште еднаш го истакна ангажирањето на припадниците на АРМ во тетовскиот регион по невремето на почетокот на август годинава.
Припадниците на инжинерискиот баталјон,како што се наведува во соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста на ГШ на АРМ, се ангажирани за целосна реконструкција и изградба на двата моста кои ги поврзуваат жителите на Порој, а кои претрпеа големи оштеувања после полавите изминатиот месец, при што е предвидено, во најбрз можен рок, тие да бидат завршени.
Ново на Сител
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство