Началникот на ГШ на АРМ се сретна со командантот на Националната гарда на Вермонт
Делегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во текот на вчерашниот ден во рамки на работната посета на сојузната држава на САД-Вермонт имаше средба со својот домаќин, командантот на Националната гарда (НГ) на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј, соопштија од АРМ.
На средбата се разговарало за актуелните активности во воената соработка, особено во делот на обуката и вежбовните активности.
На состанокот биле презентирани заедничките активности и капацитети, а генералите искажале задоволство од реализацијата на досегашната соработка, и потребата за постојаното проширување на облиците на обука со изведување на заеднички вежбовни активности кои би се одвивале на армискиот полигон Криволак со учество на армиите на земјите на САД - Јадранската повелба.
- Генералот Величковски се заблагодари за можноста на користење на капацитетите на НГ на Вермонт за обука и едукација за припадниците на Армијата на Република Македонија, особено преку расположливоста на центарот за симулации, но и планирање на изведување на заедничко изведување на обука на инженериските единици, се истакнува во соопштението.
Делегацијата на АРМ го посетила центарот за обука „Итан Аллен“ и воениот камп „Џонсон“, како и Центарот на симулации при што биле запознаени со можностите и начинот на изведување обука во овие капацитети и користење на оперативните процедури за гаѓање кои ги користи НГ на Вермонт.
Посетата на Вермонт продолжува во текот на денешниот ден каде во Монтпелиер Величковски ќе оствари средба на највисоко ниво со гувернерот на Сојузната држава Вермонт Фил Скот, а ќе го посети и воениот универзитет „Норвич“,Аагенцијата за Кризен менаџмент и државна безбедност на Вермонт.
Ново на Сител
-
Руски агент во Киев осуден на 15 години затвор за насочување напади во близина на Покровск
-
САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина
-
Венс: Војната во Украина нема брзо да заврши
-
Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче
-
Честитка од рускиот патријарх Кирил до архиепископот Охридски и Македонски Стефан
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“
-
Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД