Началникот на ГШ на АРМ на Kонференцијата на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денес учествуваше на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во сесија на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел.
Како што соопштија од ГШ на средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ, на две одвоени сесии се разгледале прашања за актуелната безбедносна состојба во Авганистан, ангажманот на НАТО и партнерските земји во мисијата „Одлучна Поддршка“ и платформата за меѓусебната интероперабилност помеѓу партнерските земји.
-Во своето обраќање генералот Величковски го нагласи континуираниот придонес на АРМ во мисијата „Одлучна Поддршка“ со учество на 39 свои припадници, како и севкупните напори на АРМ кон интеграцијата во Евро Атланската структура на НАТО, се истакнува во соопштението.
На вториот дел од Конференцијата, во фокусот на учесниците било разгледувањето на понатамошното проектирање на стабилност и зајакнување на интероперабилноста со партнерските земји, на која началниците на генералштабови ќе се запознаат со ажурираниот статус и произлезени задачи за интероперабилност од претходните сесии.
Во рамки на Конференцијата генералот Величковски остварил и повеќе средби со високи воени раководители во НАТО и со началници на ГШ од земјите кои учествуваат на активноста, при што биле разменети заедничко корисни информации и искуства.
Од ГШ информираат дека во текот на утрешниот ден делегацијата на АРМ ќе оствари работен состанок со Мисијата на РМ при НАТО, која следува по претходно оддржаните средби со Амбасадорите на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО.
Конференцијата во формат на началници на генералштабови се оддржува двапати годишно со цел разгледување на актуелните мисии и операции на НАТО, како и обезбедување на воени совети на Алијансата базирани на консензус при справување со глобалните безбедносни предизвици.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
