-->
-->
На жените им треба повеќе сон, оти го користат мозокот повеќе од мажите
-->
Истражување кое опфатило 210 средовечни мажи и жени, посочува дека на жените им треба повеќе спиење отколку на припадниците на „посилниот пол“, како и дека припадничките на „понежниот пол“ имаат поголеми здравствени проблеми поради недостаток на сон.
Резултатите говорат дека кусиот сон кај жените е тесно поврзан со високите нивоа на психичка болка и посилно чувство на непријателство, депресија и лутина. Од друга страна пак, овие чувства не се поврзани со нарушување на спиењето кај мажите, изјави професор Џим Хорн, дел од британскиот истражувачки тим од Универзитетот на Лоубороу.
Една од главните функции на спиењето е да му овозможи на мозокот да се освежи и обнови самиот себе. Како што објаснуваат стручните лица, при длабок, цврст сон, кортексот – делот од мозокот одговорен за помнењето, меѓу другото, се одвојува од сетилата и на тој начин, тој се обновува.
Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, толку повеќе спиење Ви треба, за тоа освежување на мозокот, истакна професор Хорн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор