На тимот на СЗО во Вухан му се приклучува и британски експерт
Кина денеска соопшти дека ќе му се дозволи влез во земјата на британски експерт од Светска здравствена организација (СЗО), кој ќе се приклучи на експертите кои о истражуваат потеклото на Ковид-19. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лијан не прецизира кога британскиот експерт ќе пристигне во земјата.
Експертскиот тим на СЗО вчера пристигна во кинескиот град Вухан, каде кон крајот на 2019 година беше откриен новиот коронавирус, за да го истражи потеклото на пандемијата. Експертскиот тим во Вухан ќе биде околу еден месец, вклучително и двете недели карантин.
Петр Бен Ембарек, експертото на СЗО за животински болести кои преминуваат на други видови, го предводи тимот од десет независни експерти.
Експертскиот тим на СЗО, по двонеделниот карантин ќе ги испитуваат вработените во истражувачките институти,, болниците и пазарите за морска храна во Вухан, каде се претпоставува дека се појави Kовид-19.
Ново на Сител
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот