На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ околу 40 минути
На ГП „Табановце“ изутринава времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП „Богородица“ за излез од државата се чека околу 40 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени