На Словенците ќе им се плаќа за преселување преку границата
Претставници на словенечката Влада во изминатите денови посетуваат погранични подрачја и разговараат со жителите бидејќи не се откажуваат од арбитражната одлука, објави Н1.
Владата во Љубљана подготвила закони потребни за спроведување на арбитражната пресуда за границата во оној дел во кој тоа може да го направи без соработка со Хрватска.
На незадоволните словенечката Влада им нуди 45.000 евра по лице или нешто помалку од 100 илјади евра за четиричлено семејство ако одлучат да се иселат од домот што е на хрватска територија. Но, и куќата останува во нивна сопственост.
- Тоа е дел од пакет субвенции кои словенечкиот Парламент ги прифати во ноември, изјави Лилјана Козлович, секретар на словенечката Влада.
Исто така, оние кои ќе се согласат да се отселат имаат можност да бираат престој во Република Словенија.
- Поради меѓународното право и важноста за одредување на државната граница, премиерот Миро Церар го повика хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ да именува меѓудржавна комисија што ќе одреди граница на копно и можни корекции на оние точки каде е тоа можно, изјави Козлович.
Според неа, арбитражната пресуда ќе почне да важи кога Владата ќе донесе одлука за картографски приказ на состојбата и кога сето тоа ќе се внесе во катастар.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока
-
Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг
-
Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
-
Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на Чаир
-
Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово