На следната владина седница се очекува да биде именуван директор на Државниот пазарен инспекторат
На вчерашната седница немаше кадровски прашања и не е именуван директор на Државниот пазарен инспекторат, на следната седница се очекува да биде именуван, изјави денеска заменик – претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Николовски дополни дека воопшто не е дискутирано за кого станува збор и не се знае кој ќе биде именуван.
Во однос на прашањето за постапувањето според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, Николовски рече дека тој прв, како лице задолжено за следење на имплементација на кодексот, кажал дека кодексот не може за еден да важи, за друг да не важи.
– Токму и во овој случај е изготвено, согласно одредбите од кодексот и согласно процедурите кои кодексот ги предвидува, е испратено писмено известување до претседателот на владата, кој што соогласно членот 23 од Кодексот предлага на Владата соодветни постапки кои што се можни, дали е тоа опомена, дали е тоа јавно несогласување или пак барање за разрешување, така што, целосно е постапено согласно процедурите во кодексот, и во секој случај кодексот важи за сите, изјави Николовски.
Тој најави дека Кодексот како и писменото известување за прекршувањето на нормите од кодексот ќе бидат обелоденети со цел одговарање на сите дилеми кои постојат околу овој случај.
Поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, беше разрешен откако јавно се изјасни дека поголемиот дел од прераспределените рамковни административци не се прифатливи за ДПИ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок