На Скопско лето изложба на академскиот сликар Адин Хебиб
Во рамки на Скопското лето 2017 вечер ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Адин Хебиб.
Хебиб, кој е роден во 1955 година во Мостар, се школувал во Мостар и Белград, а завршил во Париз во класата на проф. Борис Цикаловски, каде од 1983 до 1985 год. специјализира експресионизам. Неговиот богат опус на слики и графики опфаќа сценографии, плакати, илустрации на книги и монографии.
Адин Хебиб има добиено 11 европски први награди за графички дизајн. Добитник е и на низа други стручни награди и признанија од сите страни на Светот. Делата на Адин Хебиб се наоѓаат ширум светот. Посебно е горд на муралите кои се наоѓаат во Вашингтон „Исповеди на Босна и Херцеговина“ 1998 година, а значајни се и заедничката работа на Миа Хебиб, Едина Селесковиќ и Адин Хебиб на кулата „Плава Призма“ – Аваз Бизнис Центар во комбинирана техника, „Мојот живот во 50 слики“, како и муралот „Настанокот на планетата земја“ од 2004 година во истиот објект во кој работел со Едина Селесковиќ (Њу Јорк).
Исто така и муралот во претставништвото на Кока-Кола во Сараево „Историја на БиХ“, 2000 година, комбинирана техника, и муралот „Елементс “ – Импортане центар во Сараево „Американски сон на босански начин“ 2008, комбинирана техника.
Откупени дела на Хебиб се наоѓаат во: Ватикан, Греманскиот президиум, Загреб, Гетебург, Инсбрук, Осло, Истанбул, Сарајево, Бретен...
Изложбата ќе биде поставена во НЛБ Галеријата.
Ново на Сител
-
Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани
-
Кривична за градоначалникот на Крива Паланка, дозволил поставување урбана опрема на угостителски објект без да се исполнат условите
-
Лекари: Ракот на Бајден е неизлечив, но има добри вести
-
Од што боледува Бајден, кои се неговите опции за лекување?
-
Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија
-
Пожарот во викендицата на Пандов бил нарачан
-
Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но со соодветна замена во ФЗО
-
Ивановски: Имаме желба за изградба на пругата кон Бугарија, но нема соодветен одговор од другата страна