На сеопфатни дискусии ќе се бара решение за законите за Судски совет и за Јавно обвинителство, дебатите почнуваат од следниот месец
Нема да бидат површни туку сеопфатни и отворени за сугестии и критики од сите релевантни чинители дискусиите што ќе ги иницира Министерството за правда за законите за Судскиот совет и за Јавното обвинителство, со цел да се создаде решение што ќе гарантира независност на овие институции, рече министерот Игор Филков на прес-конференција по повод сто дена Влада.
Информираше дека јавните дебати ќе почнат идниот месец и нивна цел ќе биде да се најде најприфатливо решение, нагласувајќи дека Судскиот совет и Јавното обвинителство „мора да бидат ослободени од каква било форма на политичко мешање и да функционираат единствено во служба на правдата“.
-Овие тела ќе бидат реформирани за да работат со најголем интегритет, фокусирајќи се на професионалноста и строгото почитување на владеење на правото, рече Филков во отчетот.
За законот за Судски совет, на кој веќе работеше една работна група, министерот посочи дека ќе има „нова и видоизменета работна група“.
Притоа нагласи дека предизвик во оваа насока ќе биде тоа што Министерството за правда не располага со документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија по однос на Судскиот совет.
Ново на Сител
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување
-
Жител на Пепелиште пријавил напад од три лица, напад и врз неговите родители и бабата
-
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта
-
Елмас: Може да жалиме што не ја победивме Белгија
-
Синер убедливо го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
-
Приведен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“