На самитот на Г20 во Рим светските лидери ќе преземат обврска глобалното загревање да остане во рамките на 1,5 степени Целзиусови
Лидерите на Г20 претстојниов викенд ќе признаат дека се потребни итни чекори за да се одржи целта за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, се наведува во нацрт-заедничката изјава во која увид имале британските медиуми.
Лидерите ќе кажат дека признаваат дека влијанието на климатските промени е „многу помало“ доколку затоплувањето може да се одржи на 1,5 степен над прединдустриските нивоа отколку доколку се искачи на два степена.
„Мора да се преземе итна акција за загревањето до 1,5 степени да биде достижно“, се додава во документот.
Документот е обид на државите, кои заедно се одговорни за повеќе од 75 отсто од емисиите на штетни гасови, да претставуваат обединет фронт пред да им се придружат на другите делегации на Светската климатска конференција COP26 во Глазгов.
Иако нацрт-документот покажува дека постои согласност дека растот на температурата треба да се одржи во рамките на 1,5 степени во однос на прединдустрискиот период, што е цел во голема мера во согласност со Парискиот договор од 2015 година, некои детали се уште се отворени за дебата, пишува ДПА.
Еколошките активисти кои имаа увид во нацрт-документот велат дека се разочарани што Г-20 требаше да ја искористи шансата и посилно да ја алармираа јавноста за опасностите со кои се соочува светот.
Ново на Сител
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе