На рочиштето за „Поткуп“ се гледаше снимката објавена на Јутјуб
Во присуство на јавноста денеска во судницата во Кривичниот суд беше пуштена скратената снимка што беше објавена на Јутјуб во врска со предметот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.
Снимката, како што посочи судијата Дарко Тодоровски трае нешто повеќе од три минути и 35 секунди. Во судницата беа присутни Зоран Заев, адвокатите Ване Андреев и Филип Медарски, како и јавната обвинителка Валентина Бислимовска.
Со гледање на снимката заврши доказната постапка. Следното рочиште е закажано на 15 мај кога ќе бидат дадени завршните зборови.
Снимката објавена на Јутјуб требаше да биде пуштена во судницата на претходното рочиште, но тоа не беше направено, бидејќи немаше технички можности.
Целосната снимка, пак, поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп, беше пуштена на претходните рочишта во судницата без присуство на јавноста. Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа.
Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес