На првиот ден од масовната вакцинација во Албанија имунизрани 11.487, досега вкупно 78 илјади лица
Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, информираше дека вчера, првиот ден од почетокот на масовната вакцинација имунизирани биле 11.487 лица низ целата земја.
-Во текот на вчерашниот ден, не само што ја достигнавме целта што ја поставивме, 10 илјади вакцини, туку и ја надминавме. Во текот на овој ден достигнавме 11.487 вакцинирани, изјави Манастирлиу.
Најави дека процесот на вакцинација ќе се интензивира низ целата земја, за да се вакцинираат сите посочени групи, според националниот план за вакцинација.
-Ќе продолжиме во текот на целиот овој период со интензивирање на процесот на вакцинирање, продолжување на вакцинацијата на наставниците, педагозите, воспитувачите на градинките. Исто така продолжуваме и со масовната вакцинација на возрасната група +70 години, или во здравствените домови или во отворените пунктови за тоа, рече Манастирлиу.
Таа апелираше до старите лица да контактираат со матичните лекари кои ќе им го соопштат местото, датумот и времето на вакцинација, бидејќи тие го имаат електронскиот регистар и преку него се издава целиот список на возрасните лица кои треба да се вакцинираат.
Министерката и денеска беше во посета на пунктовите на плоштадот „Скендербег“ во Трана, каде поразговара со лицата кои чекаа да бидат вакцинирани и им порача дека „земјата е чекор до победа“.
Од 11 јануари кога почна процесот на вакцинација, во Албанија имунизирани се 78.000 лица, здравствен персонал, стари лица и просветни работници. Како што претходно најави премиерот Еди Рама, до јуни, според националниот план за вакцинација, со овој процес ќе бидат опфатени половина милион лица.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
