На првата годишнина од приклучувањето на четирите региони Путин вети обнова на окупираната Украина
На првата годишнина од руската анексија врз четирите украински региони : Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск, рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ги обнови овие региони зафатени од војната.
-Училиштата, болниците, станбените згради и патиштата, музеите и спомениците ќе бидат обновени и реконструирани, рече Путин во видео пораката објавена денеска од Кремљ.
Кршејќи го меѓународното право и по референдумите кои меѓународно беа исмејувани како измама, рускиот претседател лани на 30 септември со окупациските лидери на четири региони потпиша договор тие да станат дел од Руската Федерација.
Украина ја продолжува својата контраофанзива со надеж дека ќе ги ослободи териториите од руската окупација.
„Пред нас е голема задача и решение за тешките предизвици, спроведување на голема програма за обнова и социо-економски развој на нашите историски региони“, продолжи Путин во видео пораката.
„И сигурно ќе ги постигнеме поставените цели“, додаде тој. Анексијата на четирите региони, кои не ги призна ниту една земја, за Путин се „историски и судбоносен настан“.
Тој им се заблагодари на граѓаните на териториите чија решителност ја направи Русија уште посилна: „Ние сме еден народ. И заедно совладуваме се, го наоѓаме одговорот на сите предизвици“.
Дури и по повеќе од една и пол година војна, Русија не контролира целосно ниту еден од четирите анектирани региони, а Украина, истовремено, во борбите успеа да поврати окупирани делови од територијата.
Ново на Сител
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл