На повреденото дете во сообраќајката му е извршена операција на раката, а не ампутација
На деветгодишното дете кое беше повредено во синоќешната сообраќајна несреќа на автопатот Велес - Скопје, на Клиниката за детска хирургија му е извршена хируршка интервенција на раката, а не ампутација, информираа од таа јавна здравствена установа.
По извршената интервенција врз раката на детето кое имало скршеница на надлактица, му е поставен надворешен фиксатор и тоа е во добра општа состојба.
Според досегашните информации од надлежните, една жена загина, а 27 се повредени во сообраќајната несреќа во која туристички автобус со македонски таблички излета од коловозот на автопатот Велес - Скопје.
Основното јавно обвинителство во Велес и МВР денеска соопштија дека работи на утврдување на причините за несреќата. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа, а започнато е и прибирање на трагите пронајдени на самото место место.
Повеќе детали за повредените од сообраќајната несреќа ќе соопштат министерот за здравство Арбен Таравари и директорите на Ургентниот центар и Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во изјава за медиумите закажана за 13 часот пред Ургентниот центар во комплексот клиники.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами