ОН: На повидок хуманитарна криза во ДР Конго, три милиони луѓе гладуваат
Директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли изјави дека три милиони луѓе гладуваат во Демократска Република Конго и дека на повидок е хуманитарна криза.
- Стотици илјади деца во судирите во провинцијата Касаи може да ги загубат животите поради неухранетост во следните месеци ако не се испрати итна помош, изјави Бисли.
Тој оцени дека ситуацијата во Конго е „катастрофална“.
– Наши тримови на терен виделе запалени колиби, уништени куќи, сериозно неухранети деца и очигледно е дека многу деца веќе ги загубиле животите, нагласи тој.
Бисли додаде дека голем број деца ќе бидат жртви на неухранетост без први фондови, храна и пристап до локации за помош.
Насилствата во ДР Конго почнаа во август лани по смртта на локален политички лидер во судирите со безбедносните сили во државата. Поради судирот, околу 1.5 милиони луѓе се приморани да ги напуштат своите домови.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот