На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Гевгелија
Најстудено утрово е на Попова Шапка -7 степени, каде има и најголема снежна покривка од 32 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Под нулата е и во Маврови Анови -7, Крушево -6, Битола -5, Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Претор -4, Велес и Берово -2, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, Виница и Тетово -2, Штип и Демир Капија -1. Најтопло е во Гевгелија 3 степени.
Во Маврови Анови има 29 сантиметри снег, а во Ѓуриште пет.
Во изминатите 24 часа, до 7 часот утринава најмногу дожд има наврнато во Демир Капија 11 l/m2, потоа Кавадарци -9, Струмица -7, Берово -5, Прилеп -4, Велес, Битола и Виница -2 и Гевгелија, Маврови Анови и Пожаране по еден l/m2.
Времето денеска преку ден ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од 4 до 9 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево и тивко. Кон крајот на денот и во текот на ноќта значително облачно. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Ново на Сител
-
Почина проф. д-р Владимир Цветковски
-
Навроцки положи заклетва како нов полски претседател
-
Хирошима одбележува 80-годишнина од атомското бомбардирање
-
Националистички скандирања на Градски, Гаши вели „Навивачите покажаа достоинствен пример“
-
Димитриеска-Кочоска: Историски високи приходи во Буџетот за јули
-
Најмалку 20 мртви откако камион со храна се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа
-
Блумберг: Москва размислува за „воздушно примирје“ како опција
-
ОЈО бара притвор за дилер од Битола