На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, вели Бектеши
На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Инфлацијата во делот на прехраната би требало да биде околу 5 - 6 отсто, а генералната, рече Бектеши, од 7 - 8 проценти.
Според него, почнувајќи од јули годинава, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата.
Сите решенија се донесени низ разговори и во консултација со коморите, над 90 отсто се предлози што произлегуваат од стопанските комори, и во делот на листата на производите и во делот на дру
-Согласно сите податоци и методологијата утврдена од страна на Владата за зголемување на платите, почнувајќи од минималната плата, на почетокот на наредната година согласно сите податоци и тие што ги имаме како институции, минималната плата ќе се зголеми со минимум 10 отсто, пошто имаме 14 проценти зголемување на просечната плата. Инфлацијата би требало да биде околу 5 - 6 отстово делот на прехраната, а генералната од 7 - 8 проценти. На таков начин, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата, почнувајќи од јули годинава. Зголемувањето ќе биде уште поголемо до крајот на годината и со одлуките на Владата, но и со праксите и начините како работат посебно поголемите маркети, истакна Бектеши по денешната посета на логистичкиот центар на „КАМ“ во општина Илинден.
Министерот укажа на последната објава од Заводот за статистика според која, просечната плата е зголемена за 14,1 отсто во споредба со јули минатата година.
Ново на Сител
-
74-годишник измамен за 14.000 евра со лажна сообраќајна несреќа
-
МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на PM₁₀ честичките
-
Пад на продажбата на станови, најмногу продадени во Аеродром најскапи во Центар
-
Приведен возач во Битола, управувал возило со 104 км на час на место каде што е дозволено 50
-
Царинска управа: На ГП Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари
-
Приведени тројца малолетници, одзеле пари од угостителски објект на подрачјето на Центар
-
Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа
-
Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците