На пет ловишта во делчевско почна сезоната на крупен дивеч
На вкупно пет ловишта во делчевско денеска официјално почна сезоната на крупен дивеч. Ловџиите од делчевскиот регион посакуваат и годинава да им се повтори претходната ловна сезона, која беше богата со дивеч и кога беше отстрелан див вепар капиталец од над 180 килограми.
Драган Христов, претседател на ловното здружение „Острец“, изјави дека во изминатиот период во Делчево се работело на ловечката куќа чија изградба е пропишана согласно ловостопанската основа за ловиштето „Голак“.
- Ловната сезона на крупен дивеч која почнува на 1 октомври, како по традиција во делчевско ја отвораме првиот викенд во октомври. Отсега до 31 јануари во недела и за време на државни празници во делчевско ловот ќе може да се одвива на пет ловишта на кои сме концесионери. Тоа се ловиштата Влаина, Голак, Бигла, Киселица и Тработивиште. Од штетниот дивеч дозволен е отстрел на волк и лисица, додека отстрелот на дива свиња, зајак и еребица е пропишан согласно ловностопанските основи за секое ловиште поединечно, појасни Христов.
Додаде дека ловџиите од делчевско имаат обврска во текот на зимата да се грижат за загрозените видови дивеч како што се еленот и срната, а во периодот на големи студови и висок снег, да ги потхрануваат овие видови, односно да оставаат храна на местата предвидени за прихрана.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море