На пазар во Велес се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота, уапсени две момчиња
Полициски службеници од СВР Велес вчера ги лишиле од слобода В.М.(21) и Д.Р.(20), двајцата од Велес кои на пазарот во Велес се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота од 1.000 денари, но продавачот го забележал тоа и пријавил во полиција.
Како што информира МВР, тие побегнале од местото, но по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале, додека во домот на В.М. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 100 денари и една фалсификувана банкнота од 500 денари.
Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Скопје ќе биде домаќин на Европски куп во џудо
-
Зеленски: Русите го бомбардираа селото Јарова во Доњецк, убивајќи над 20 цивили
-
Тројца од повредените пожарникари во пожарот во „Макпрогрес“ се пуштени дома, четвртиот испратен на дополнителни испитувања
-
Бронзени бисти одземени од Градските гробишта - Бутел
-
Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна
-
Претреси во објекти на две лица во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога, следува пријава | ФОТО
-
Калас: ЕУ годинава ќе и обезбеди на Украина 25 милијарди евра поддршка
-
Приведен Романец на Граничен премин Табановце, кај него била пронајдена марихуана