-->
-->
Џинобили останува во Сан Антонио
-->
Еден од најдобрите неамерикански кошаркари во НБА лигата, Емануел Ману Џинобили, го продолжи договорот со Сан Антонио Спарс. Наредната сезона ќе биде 14-та за Аргентинецот во НБА лигата, во која во текот на кариерата има просечен учинок од 14,3 поени, четири асистенции и 3,8 скока на 865 одиграни натпревари.
Џинобили во 1999 година беше избран во втората рунда на драфтот, а во меѓувреме стана најдобриот шутер за три поени во историјата на Сан Антонио и втор според бројот на украдени топки. Аргентинецот во 2008 година беше избран за најдобар шести играч во лигата.
Џинобили има најдобра процент на успешност од активните играчи во НБА лигата од 72,3 отсто (625 победи и 240 порази), а со Сан Антонио има освоено четири шампионски титули.
Заедно со Тони Паркер и Тим Данкан, Аргентинецот е дел од трио со најмногу одиграни заеднички мечеви во НБА лигата и со најмногу забележани победи во плеј офот.
Исто така Џинобили е еден од осуммината кошаркари во НБА кои во плеј офот имаат учинок од најмалку 2.500 поени, 750 скокови, 700 асистенции и 250 украдени топки. Ваков учинок имаат уште Коби Брајант, Скоти Пипен, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Лери Бирд, Леброн Џејмс и Клајд Дрекслер.
Со аргентинската репрезентација го освои златниот медал на ОИ во 2004 година во Атина, а покрај Бил Бредли е единствениот кошаркар кој покрај олимписко злато ја освои Евролигата и НБА лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десницата и левицата и во ЕП поднесоа одвоени предлози за изгласување недоверба на Еврокомисијата
-
Во недела и понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Советот на Општина Кочани го поништи решението на в.д. градоначалникот за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број ученици
-
Мајка и ќерка се степале пред угостителски објект во Кавадарци
-
Мицкоски: Пожарите на депониите се подметнати-државата жестоко делува
-
Алиу на 21-от Конгрес на лекари на Македонија: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем
-
41-годишна тетовчанка приведена поради сомнение за посредување во вршење проституција
-
Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби престижната награда за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа”