На патот Струга-Ќафасан намалување на брзината до 40 километри на час, препорачува АМСМ
На патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, на делницата од бензинска пумпа Камара – месност викана Мали Влај, на учесниците во сообраќајот им се препорачува намалување на брзината на движење до 40 километри на час поради изведување градежни работи на пат (крпење на ударни дупки).
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници
-
Адеми: Опасни се изјавите на Филков за ревидирање на Бадентеровото мнозинство