На овој човек чварките му носат милиони: Ги пакува како чипс за мезе со пиво a се почнало од мал облог
Еден облог од 500 фунти (околу 560 евра) го направила британецот Ник Колман (35) милионер, а верувале или не, сето ова е поврзано со чварки.
Колман, кој инаку е голем љубител на месо, пријател во 2014. година го потикнал да почне бизнис во кој ќе вложи само мала сума на пари. Три години подоцна може да се рече дека тоа е најдобрата одлука која Ник ја донел. Денес од прозиводството на чварки заработува околу 3,5 милиони фунти (речиси четири милиони евра) годишно.
- Облогот ме натера, дали можам да почнам нова работа со ограничен капитал. Наместо да се грижам за тоа како да заработам пари, се сконцентрирав на својата страст и на она што сакам стварно да уживам кога го работам - вели Колман.
Она во што ужива се пабовите и свинското месо, па тие две работи одлучил да ги спои во компанија која се нарекува "Snafling Pig", а која е специјализирана за производство на чварки, како грицки од свинско месо кои се служат со пиво.
Најпрво се продавале во пакувања како чипс, но во меѓуверме одлучиле да направат промени, па сега се достапни во тегли.
Трудот се исплател. Ник и неговиот партнер Ендру Ален се појавиле во август минатата година во емисијата "Dragons Den", еден вид на реално шоу во кое учесниците се борат да ги придобијат инвеститорите за своите бизнис идеи а со тоа да осигураат средства за да ги реализираат.
Тие добиле 70.000 фунти од основачот на "Munpig" Ник Џенкинс, за возврат му дале 20 проценти од фирмата. Како што таа растела од Џенкинс го откупиле неговиот дел.
Во меѓувреме рабтоата се зголемува но и понудата, која неодамна е прочирена со 9 нови вкусови.
Ново на Сител
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје