На Охридско лето концерт на Државниот камерен оркестар од Казахстан
Во рамки на Охридско лето во црквата „Света Софија“ вечер концерт ќе одржи Државниот камерен оркестар „Академија за солисти“ од Казахстан.
Солистички настап ќе има виолинистката Ајман Мусакајајева од Казахстан, а концертот ќе се одржи под диригентската палка на Хуан Карлос Ломонако од Мексико.
На програмата се дела на Вивалди и Пјацола и Хендл.
Мусакајајева е еден од најзначајните претставници на виолинистичката школа на Казахстан. Постојано е активна на музичките сцени во светот, а на нејзиниот репертоар се наоѓаат дела од речиси сите епохи. Во 1991 година таа го основала Државниот камерен оркестар „Академија за солисти“, со кој често настапува во Европа, Америка и Азија. Добитник е на повеќе награди на престижни интернационални натпревари, како и на повеќе признанија.
Државниот камерен оркестар „Академија за солисти“ е водечки ансамбл во Казахстан и еден од најзначајните афирматори и промотори на казахстанската музика и традиција во светот. Членовите на овој ансамбл се виртуози на својот инструмент, лауреати на повеќе интернационални натпревари, со одлична техничка подготвеност.
Ново на Сител
-
Сиљановска утре ќе го соопшти името на кандидатот за нов гувернер
-
Царина откри измами при увоз на половни возила
-
СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?
-
Преглед на вестите од светот
-
Лосон: Договорот за стратешко партнерство ќе ги унапреди односите во сите сфери
-
Демолирано училиште во Битола со камења вандали искршиле прозорци и смарт табла - Единствена во градот
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Реформите се спроведуваат според планот, одржан прв состанок на Националниот консултативен механизам