На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
До вчерашниот ден имаме над 2.500 пријави од млади невработени лица кои аплицирале во мерката за самовработување, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристевски.
На инфо ден во Битола посветен за Оперативната програма на Владата за нови вработувања, Ристевски посочи дека мерката за самовработување има три содржини кои се однесуваат за млади до 29 години кои може да искористат до 10 илјади евра, за невработени лица над 29 години може да се добијат седум илјади евра, а има и можности за здружување во Друштва со ограничена одговорност.
-Сакаме се да биде на транспарентен начин. Имаме исклучително голем интерес за овој јавен повик и за само четири дена се пријавени повеќе од 2.500 лица. Ги повикувам сите лица кои се заинтересирани да аплицираат во било кој од 30-те Центри за вработување при Агенцијата за вработување низ државата, посочи заменик министерот Ристески и додаде дека на овој начин се спречува исселување на млада работна сила.
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, истакна дека владината мерка се совпаѓа и со локалните планови за вработување.
-Наш фокус е младите да ги задржиме во услови на трендови на миграција изразена во регионот и државата. Ние создаваме услови за нови вработувања преку повеќе институции и здруженија, а посебен пример е соработката со универзитетот од каде преземаме студенти практиканти кои за својот ангажман добиваат и соодветен надомест, посочи Коњановски.
Според бројот на невработени лица во Битола, во Агенцијата за вработување во овој град евидентирани се над 3.500, додека во државата заклучно со 31 мај евидентирани се 94.200 невработени лица, беше истакнато на денешниот инфо настан.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц