На мобилен месечно се зборува по 226,57 минути
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во однос на последниот квартал лани, а зголемен од 0,62 проценти во однос на истиот квартал од претходната година. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) заклучно со март годинава имале 1.588.395 претплатници, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации.
Во уделот по број на активни претплатници, заклучно со 31 март година, А1 Македонија учествува со 47,69 проценти, Македонски Телеком со 46,66 проценти, МТЕЛ има пазарен удел од 3,83 проценти, Телекабел од 1,34 проценти, Мтелмобајл од 0,38 проценти, Греен Мобиле од 0,10 проценти. За период од четири квартали Македонски Телеком бележи раст од 0,09 процентуални поени, А1 Македонија пад од 0,21 процентуален поен, Телекабел раст од 0,05 процентуални поени, МТЕЛ бележи раст од 2,75 процентуални поени, а Греен Мобиле не забележува промена.
Најголем пазарен удел според приходи има Македонски Телеком со 49,77 проценти, додека А1 Македонија има пазарен удел од 47,71 процент, МТЕЛ од 1,34 проценти, Телекабел од 0,81 процент, Мтелмобајл од 0,25 проценти, а Греен Мобиле од 0,12 проценти.
Во првиот квартал од 2025 година претплатниците просечно зборувале 226,57 минути во еден месец и иницирале 101,55 повици.
Кај вкупно реализираниот сообраќај во минути има пад од 5,57 проценти во однос на минатиот квартал и пад од 3,13 проценти во однос на првиот квартал од 2024 година.
Регистрирано е намалување на бројот на испратени СМС пораки во однос на четвртиот квартал од 2024 година од 12,56 проценти. Кај вкупниот број на испратени ММС пораки во првиот квартал од 2025 година има раст од 1,99 проценти во однос на претходниот квартал и пад од 1,36 проценти споредено со првиот квартал од 2024 година.
Во фиксната телефонија, пак, во првиот квартал од 2025 година претплатниците просечно иницирале 4,90 повици месечно, а зборувале 11,18 минути.
На пазарот на пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација бројот на фиксни линии (сите технологии) во првиот квартал од 2025 година е намален за 0,04 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2024 година додека пак споредено со првиот квартал од 2024 година е зголемен за 1,69 проценти. Целокупниот обем на сообраќај на овој пазар во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал од претходната година бележи пад од 17,63 проценти, додека во однос на четвртиот квартал од 2024 година има пад од 6,67 проценти.
Бројот на претплатници на пристап до интернет со широк опсег во првите три месеци од годинава изнесува 547.513 со раст од 0,17 проценти во однос на четвртиот квартал лани, односно 2,27 проценти споредено со првиот квартал лани.
Во уделот на претплатници на пристап до интернет по технологии во првиот квартал од 2025 година, најголем процент, 38,15, се тие со пристап до интернет преку јавна оптичка мрежа, по што следуваат тие со пристап до интернет преку јавна CaTV мрежа нивниот удел, 22 проценти, преку јавна комуникациска мрежа xDSL, 17,82 проценти, LAN мрежа, 4,02 проценти, јавна радиокомуникациска мрежа (не се вклучени претплатници преку мобилни мрежи) 1,29 проценти и изнајмени линии 0,36 проценти.
Индикаторите за пренос на радио и ТВ сервиси до крајни корисници, пак, покажуваат дека заклучно со првиот квартал годинава во државава имало 183.133 претлатници на кабелска телевизија, за 1,73 проценти помалку во однос на претходниот квартал, додека споредено со првиот квартал од минатата година има намалување за 7,07 проценти. Вкупниот број на претплатници на ТВ-услуги изнесува 439.061, на IPTV 181.915, на DVB-T, 38.465, а на сателитска телевизија 35.548.
МИА
Ново на Сител
-
Рама: Западен Балкан не е проблем што треба да се реши, туку решение што чека да се интегрира
-
Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион
-
На ГП „Блато“ за девет месеци историски рекордна бројка - над милион патници или 74 отсто повеќе од истиот период лани
-
Песков: Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на САД, што може да има лош крај
-
Трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва: Почина првоосомничениот полициски инспектор Владо Петров
-
Најголемиот саем за технологија во светот, Gitex Global, доаѓа во Југоисточна Европа, а домаќин ќе биде Белград!
-
Јужна и северна распродадени на пет часа пред Македонија - Казахстан, останати карти само за западната трибина
-
ЕУ најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија