На Меланија Трамп успешно и е опериран бубрег
Првата дама на САД Меланија Трамп вчера беше примена во болница, каде што и беше извршена операција на бубрег, а ја посети нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.
- Ова утро (понеделник), првата дама Меланија Трамп беше подложена на постапка за емболизација за лечење на бенигна бубрежна болеста. Процедурата беше успешна и немаше компликации, изјави портпаролката на првата дама, Стефани Гришам.
Меланија Трамп (48) била примена во Националниот воен медицински центар „Волтер Рид" и веројатно ќе остане таму до крајот на оваа недела.
Според Си-Ен-Ен, нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, бил во Белата куќа за време на операцијата.
Тој со хеликоптер бил да ја посети својата сопруга во воено-медицински центар, а на Твитер објави дека Меланија е добро расположена.
- На пат кон медицинскиот центар „Волтер Рид ", за да ја видам нашата прекрасна прва дама, Меланија. Успешна процедура, таа е добро расположена. Благодарам на сите за добрите желби, порача Трамп.
Белата Куќа не објави детали за здравствената состојба на првата жена. Два неименувани уролози изјавија дека не се запознаени со состојбата на Меланија, но, веруваат дека најверојатното објаснувањето за интервенцијата е тип на бениген бубрежен тумор, познат како ангиомиолипом.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје
-
Сложени ТАВИ процедури во Систина
-
Идната година уверение за државјанство ќе се вади електронски – редизајниран порталот uslugi.gov.mk
-
Надлежните во обиколка на маркети – дали се почитува Новогодишната кошница?
-
Оштетена македонската амбасада во Киев при руски ракетен напад
-
Едно седумгодишно дете убиено и три повредени во напад со нож во училиште во Загреб
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот