Loading Video...
Фудбал
20. јуни 2023 - 19:57

На Македонија и требаат нови сили

Македонската фудбалска репрезентација за само неколку дена доживеа два непријатни моменти во квалификациите за следното ЕП. 
По пресврт поразот од Украина во Скопје избраниците на селекторот Благоја Милевски се поразени со 7-0 на гостувањето во Англија што е најтешкиот пораз на рисовите на меѓународната сцена. 
Фудбалската репрезентација на Македонија во својата 30-годишна историја играла  неколкупати со многу тешки противници. Губела но знаела да се надигрува а понекогаш и да изненади пријатно како против Германија, Италија, Холандија како и  со нашиот последен противник Англија со кого два пати ремизиравме во Саутемптон и Манчестер. 
За жал синоќа Македонија беше екстремно немоќна против силниот англиски тим кој можеше да постигне уште некој погодок на мечот на кој целосно разочаравме. 
Англија во своите редови имаше голем број извонредни индивидуалци против кои беше тешко да се игра и надигрува. Оправдување за фијаското секогаш може да се најде но очигледно е време и да се разговара за причините кое доведоа до големата стагнација во нашата репрезентација. 
Големината на еден тренер е да го почувствува тој момент и со храбри потези да го освежи националниот тим и  на ваков гигант како Англија да му се спротистави со одморени и мотивирани играчи, играчи желни за докажување и потврда на своите квалитети. 
Ако се потсетиме на дуелот со Англија во Саутемптон кога одигравме 2-2 ќе видиме дека Македонија овој резултат го обезбеди со дури 7 дебитанти во тимот и тоа сите од македонското првенство.  Со ова не негираме дека квалитетот на домашното првенство е далеку од посакуваното ниво но факт е дека  за да се најде клуб во странство треба да се биде репрезентативец.  На средбата во Манчестер најдобро се виде дека сегашните репрезентативци чувствуваат дека немаат конкуренција за нивните места во националниот тим и токму тоа ги спречи да одиграат подобро и да го дадат максимумот на средбите со Украина и Англија на кои како што изјави селекторот Милевски за време на подготовките мора да се одигра над 100 проценти за да се дојде до нови бодови во квалификацискиот циклус.